Гарначо во 93. минута ја донесе победата на „Ѓаволите“ на „Крејвен котиџ“ (видео)

368

Екипата на Манчестер Јунајтед го победи Фулам благодарение на гол на тинејџерот Алехандро Гарначо во 93 минута. Мечот на „Крејвен котиџ“ од 16.коло на Премиер лигата одеше кон реми, а аргентинскиот тинејџер успеа да погоди во судиското продолжение и да ги донесе бодовите за „Ѓаволите“.

Инаку Кристијан Ериксен го доведе Јунајтед во предност во 14. минута, но изедначи Џејмс во 61 минута. Јунајтед е на петтото место на табелата со 26 бода, а Фулам е 9-ти со 19 бода.

ПретходноВо Борусија омекнаа: „Ако Белингам сака да си оди, нема да го држиме со сила“
СледноЕП: Холандија и Шпанија одиграа без победник!