Индиски мултимилјардер ќе биде новиот сопственик на Ливерпул?

254

Индискиот мултимилијардер Мукеш Амбани покажува сериозен интерес за купување на аглискиот гигант Ливерпул, тврди весникот „Мирор“.

Според изданието, Амбани, чие богатство се проценува на речиси 90 милијарди фунти и според „Форбс“ е осмата најбогата личност во светот, веќе направил проценка на сопственоста на сегашните сопственици на клубот, Fenway Sports Group.

Индиецот не е единствениот кој е заинтересиран за англискиот колос, откако претходно стана јасно дека во игра се и инвеститори од Дубаи.

ПретходноВМФЛ: Вардар “киксираше“, Пелистер со „единаесетка“ го поздрави Тетекс
СледноНа СП во Катар, Нејмар може да го урне рекордот на Пеле