Поранешниот ирански репрезентативец и легенда на фудбалот во Азија, Али Даеи е осуден на смрт поради поддршка на протестите во таа земја, објавија дел од светските медиуми.
Со денови луѓето протестираат поради убиството на Махса Амини, која одби да носи хиџаб. Даеи бил уапсен, а потоа му била изречена оваа казна.
Еден од весниците во Иран вели дека пасошот на Даеи бил одземен поради пораките на Инстаграм. Засега нема официјални потврди на информациите кои кружат и низ социјалните мрежи.
Легендарниот Даеи е сининим за фудбалот во Иран откако одигра 116 натпревари за својата земја и постигна 74 гола.