Напаѓачот на ПСЖ и на бразилската репрезентација, Нејмар на Светското првенство во Катар може да го надмине рекордот на Пеле по бројот на голови за репрезентацијата. Нејмар досега има 75, додека Пеле е рекордер со 77 гола во дресот на „кариоките“.
„Не можев ни да сонувам за такво нешто. Никогаш не размислував за статистиката, никогаш не сакав никого да претекнам, да урнам нечиј рекорд. Секогаш сакав само да играм фудбал. Тоа беше сон што го проектирав за себе. Нормално дека играњето за бразилската репрезентација беше мојот сон. Самото претставување на репрезентацијата е веќе нешто фантастично. Ова е сонот што го исполнив не само за себе, туку и за моите пријатели кои не станаа професионални фудбалери, за татко ми, дедо ми, за целото мое семејство. Пеле е репер. Пеле е фудбал. Тој е симбол на Бразил. Имам голема почит кон него и му се восхитувам“, изјавил Нејмар.