Страшна повреда на Драговски – Полска ќе бара нов голман за СП

254

Специја славеше на гости кај Верона со 1:2, но го загуби голманот Бартоломеј Драговски. Чуварот на мрежата на репрезентацијата на Полска имаше страшна повреда и ќе го пропушти Мундијалот во Катар.

Драговски влезе во дуел со противничкиот играч Ласања и заработи скршеница на десниот скочен зглоб. Тој беше изнесен на носилки и однесен во болница.

Полска засега ги има првиот голман Војчех Шчесни и Лукаш Скорупски, но ќе бара замена за Драговски.

ПретходноMилан извлече победа над Фиорентина со автогол во 92. минута (видео)
СледноТи – Џеј Шортс и победа на Македонија против Данска!