Џеко е како вино, два гола за победа на Интер во Бергамо (ВИДЕО)

138

Интер успеа да слави на гостувањето кај Аталанта во Бергамо во денешното дерби во 15. коло во италијанската Серија А. Повторно херој на „нероаѕурите“ беше босанскиот ветеран Един Џеко кој со два гола ја најави победата на гостите.

Аталанта доби пенал во 25. минута и со голот на Лукман поведе со 1:0, но само десетина минути подоцна со својот прв гол Џеко израмни на 1:1, резултат со кој се замина на пауза.

На стартот на вториот дел Џеко и по вторпат го матираше домашниот голман, сега за водство од 2:1. Одлуката за победата се чини дојде со автоголот на Паломино во 62. минута, кога Интер веќе дојде до одлична предност од 3:1.

Паломино се извади за автоголот со погокот во 77. минута, што не беше доволно за да се извади макар реми.


Standings provided by Sofascore

ПретходноПорно студио сака да ги откупи правата на името на арената во Мајами
СледноФОТО на ДЕНОТ: И вака се сака Вардар!