Англиски седмолигаш го побара Халанд на позајмица: Подобро да игра за нас, отколку да игра голф!

338

Англискиот седмолигаш Ештон Јунајтед, денеска испрати интересна понуда до Манчестер Сити за најголемата напаѓачка ѕвезда во Премиерлигата оваа сеозна, Норвежанецот Ерлинг Халанд. Аматерскиот тим објави соопштение на својата веб-страница со јасно изразување на нивната намера да започнат преговори за скоро едномесечна позајмица на Халанд, кој во периодот на светското првенство во Катар ќе биде практично на одмор.

Менаџерот на Ештон Јунајтед, Мајкл Клег, кој своевремено го носел и дресот на Манчестер Јунајтед ја објасни намерата на клубот:

„Едноставно има смисла. Сити не игра, а ние сакаме да помогнеме со одржување на формата на Ерлинг. Има повеќе смисла да игра со нас, отколку да игра голф шест недели. Мислиме дека тој ќе биде одлично погоден за нас и навистина добро ќе се вклопи во динамиката на нашиот тим“.

ПретходноЛегендата на Баерн (М) седнува на клупата на Ривер Плата
СледноЃоковиќ почна со победа на АТП финалето во Торино