Арсовска: Вардар е гордост на Скопје и мора да се врати во сопственост на Градот

1055

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска по денешната пренамена на средства од буџетот за ФК Вардар потенцираше дека Вардар е гордост на Градот Скопје и на сите скопјани и токму поради оваа причина е потребно конкретно решение за спас на клубот.

„Овие средства, ниту ќе ги решат проблемите на клубот, ниту ќе стават крај на истите, а дополнително е проблематично што во амандманот не е прецизирана намената за средствата и постои сериозна опасност парите на скопјани да завршат во џебот на оние кои го доведоа клубот во ваква очајна финансиска состојба. Град Скопје има конкретен план, план со кој ФК Вардар ќе се врати дома, односно ќе се врати во сопственост на Градот Скопје и повторно ќе ги доживее оние славни времиња во кои клубот имаше најголеми успеси и носеше огромна радост за сите скопјани. Откако ФК Вардар ќе се врати во сопственост на градот каде што припаѓа, во клубот мора да се спроведе сериозна и темелна истрага за причината поради која македонската фудбалска гордост се најде во ваква катастрофална финансиска состојба“, потенцирала Арсовска.

ПретходноМакедонската репрезентација во традиционално карате на ИТКФ светскиот куп освои 54 медали!
СледноДимитријевиќ и Рајковиќ со нови победи во ВТБ лигата