Бодрете ја Македонија за 150 денари против Финска и Азербејџан!

305

Фудбалската федерација на Македонија преку Mk Tickets, официјалниот партнер за продажба на билети, започна со продажба на билети за натпреварите на македонската А репрезентација против Финска и Азербејџан кој ќе се одиграат на 17. и 20. ноември  на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Влезниците се продаваат по цена од 150. денари за северната трибина,150. денари за јужна трибина (блокови 1, 2, 5 и 6) и 200. денари за централните блокови 3. и 4. од јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.

Продажбата на билети за претстојните натпревари ќе се организира исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (on-line) продажба на билети нема да има поради технички причини (нефункционалност на читачите за билети на Националната арена).

МАКЕДОНИЈА – ФИНСКА (Национална арена „Тодор Проески“, 17. ноември, 18:00 часот)

МАКЕДОНИЈА – АЗЕРБЕЈЏАН (Национална арена „Тодор Проески“, 20. ноември, 14:00 часот)

Северна Трибина

Блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24     150 денари

Блок 21 и 23                             150 денари

Јужна Трибина

Блок 1, 2, 5 и 6                         150 денари

Блок 3 и 4                                 200 денари

ПРОДАЖНИ МЕСТА:

Скопје:
• ЛитератураМК – City Mall
• ЛитератураМК – East Gate
• ЛитератураМК – Веро Центар
• Литература – ТЦ Буњаковец
• ЛитератураМК  – ул. Македонија
• Југотон ГТЦ 1
• ЈК Травел – ТЦ Бисер
• Макпетрол – Козле
• Макпетрол  – Илинденска
• Макпетрол – Влае

Велес:
• Унисон

Прилеп:
• ТА Бран

Куманово:

• Тобако Агора

Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако

Гостивар:
• Тобако Вона 5

Охрид:
• ТА Вис Пој

Битола:
• ЛитерараМК
• Tobacco Brothers

Струмица:
• ЛитератураМК
• ТА Сафари

Радовиш:
• ТА Халкидики

Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на денот на натпреварите од 10:00 часот. 

Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до победа на натпреварите против Финска и Азербејџан.

ПретходноПовеќе од 17 милиони денари водеолотарија им исплати на играчите за една недела
СледноЛазаров: Го ценам Охрид, посебно ми е драго што успеавме да славиме на еден жежок терен!