Капитенот на Франција во Катар нема да носи лента во боите на виножитото

443

На последната прес-конференција на селекцијата на Франција пред патувањето во Катар, голманот Уго Лорис, беше прашан за иницијативата на европските репрезентации да носат ленти со боите на виножитото на Светското првенство. Голманот на Тотенхем рече дека тоа нема да биде случај и со него.

„Пред се, пред да направиме било што, треба ФИФА и Француската фудбалска федерација да се договорат за ова. Секако, имам свое лично мислење и донекаде се поклопува со мислењето на претседателот. Во Франција, кога ги пречекуваме странците, често сакаме тие да ги почитуваат нашите правила и да ја почитуваат нашата култура. И јас ќе го направам истото кога ќе одам во Катар. Без разлика дали се согласувам со нивните идеи или не, морам да покажам почит“, рече Лорис.

ПретходноЃоковиќ почна со победа на АТП финалето во Торино
СледноАнчелоти откри за кого ќе навива во Катар, списокот не е мал!