Меси-манија: 15.000 навивачи на тренингот на Аргентина, некои влетаа и на терен (ВИДЕО)

428

Фудбалската репрезентација на Аргентина денеска го одржа првиот подготвителен тренинг пред Светското првенство во Катар во својата база во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати. Интересно е што тренингот на Аргентина на стадионот Ал Нахјан го следеле над 15.000 навивачи. Најмалку двајца од нив решија да ризикуваат и да истрчаат на тревникот во обид да се доближат до играчите и да се фотографираат со нив.

Сепак, обезбедувањето било побрзо и избегнати се непосакувани контакти. Главна мета е секако Лео Меси, кој денеск атренираше со уште 13 свои соиграчи во националниот тим. Денеска на тренинг пристигнале и Лаутаро Мартинез, Николас Гонзалес, Хоакин Кореа и Пауло Дибала. Останатите 12 повикани мора да се појават најдоцна до утре.

ПретходноРамос: Штета, играњето на СП во Катар ми беше голем сон
СледноПеп како сведок на судењето на Бенџамин Менди: Не сум му татко да знам што прави по тренинг!