Многу прашина се дигна во јавноста откако денеска советот на град Скопје донесе одлука со која со новиот буџет за следната 2023 година се доделуваат 15.000.000 денари или 250.000 евра на ФК Вардар како помош за неговата во моментов не така добра финансиска ситуација. Од една страна нормално, воодушевување кај армијата вардарови навивачи, но од друга страна, гнев и револт кај сите останати. А реално во Скопје ги има поприлично.
Во прв ред, тоа е големиот ривал на ФК Вардар и навивачите на тој клуб, шампионот на Македонија во моментов ФК Шкупи, кој преку својот директор Омер Буњаку директно стави до знаење дека со оваа одлука и тоа како не се согласува, напротив, бурно реагира на нејзиното носење. Зошто јас како граѓанин на Скопје, сум обврзан и со еден денар да го помагам ФК Вардар? Мајка ми го родила па да го помагам? Не… Во Скопје егзистираат голем број на спортски суобејки, меѓу кои и прволигаши, како Шкупи, Македонија ЃП, Работнички, Скопје, а никој не се сети на нам да ни додели финансиски сретства. Целото обраќање на директорот Буњаку го имате во продолжение.
„Законот вели дека сите клубови мора да се АД. Да имаат сопственици и спонзори. Постојат и начини како тие да добијат помош од самата држава. Но, не сакајќи да се занимава со темата акционерски друштва, Советот на Град Скопје како да заборава дека нема право да ги дели клубовите. Ова го велам, затоа што во Првата лига нa Македонија, само од градот Скопје, во моментов се натпреваруваат четири клуба, Шкупи, Македонија Ѓ.П. , Работнички и Скопје, додека токму Советот на град Скопје, со поднесување на амандманот од советници на ВМРО ДПМНЕ и дел од советниците на СДСМ одлучија да му помогнат на клубот Вардар со 15.000.000 денари, кој се натпреварува во Втората лига. Овој клуб сега веќе не му припаѓа на градот, туку е во приватна сопственост.
Зарем избраните во Градското собрание заборавија (освен Албанците кои не го поддржаа), дека не сите скопјани го сакаат Вардар и дека не сакаат парите од данокот да им одат во клубот што не го родила мајка им.
Со оглед дека плаќам данок, не сакам да го спонзорирам и финансирам клубот Вардар, а ние да земеме помалку кога и ние како клуб што се натпреваруваме во Првата лига имаме голема потреба од помош од градскиот буџет, чиј сеф е исполнет со огромни средства.
Време е, избраниците во градот да не бидат за едни мајка, а за други маќеа, секој да се труди да си ги исполни обврските според работните места што ги добил. Всушност, советниците на ВМРО и дел од советниците на СДСМ со овој чин не му помагаат на клубот Вардар, туку директно на неговите нови сопственици“, се вели во реакцијата на Омер Буњаку.