“Војна“ во Ред Бул: Ферстапен го покажа вистинското лице!(ВИДЕО)

682

Не само што е на повидок туку во Ред Бул е отпочната „војна“ меѓу возачите и клупските колеги Макс Ферстапен и Серхио Перез. Сето ова кулминираше за време и по трката синоќа за големата награда на Бразил, кога светскиот првак не сакаше да ги послуша наредбите од страна на својот тим и да го пропушти Перез да биде пред него, со цел Мексиканецот да добие два бода повеќе во битката за второто место кај возачите против Шарл Леклер.

Ви реков тоа да не го барате од мене. Му реков и на Серхио, и јас се држам до тоа“ беше возвратана порака на Макс до својот тим.

Мексиканецот пак не можеше да поверува се она што го слуша и гледа и не сакаше ниту да се поздрави со Макс Ферстапен.

Инаку Холанѓанецот уште пред две трки и официјално по вторпат стана светски првак, така да него ништо не ми значеше дали е петти или шести.

Можеме само да претпоставуваме што ќе се случува на последната трка сезонава во Абу Даби, а посебно следната сезона меѓу возачите на Ред Бул.

Дали Макс Ферстапен го покажа своето вистинско лице со тоа што го направи вчера?

 

ПретходноТаневски ќе раководи со второлигашот Беса
СледноКоментар на 15.коло: Струга ТЛ речиси е есенски шампион!