Димитријевиќ и Рајковиќ со нови победи во ВТБ лигата

106

Нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и нашиот кошаркарски стретег Емил Рајковиќ остварија нови победи во ВТБ лигата. Денеска во мечевите од 10. коло во натпреварувањето, Димитријевиќ и неговиот клуб Уникс Казан славеа со 93:74 над екипата на Парма. Напиот кошаркар одигра 20-тина минути на мечот за кои постигна 7 поени.

ЦСКА (М) предводена од Рајковиќ и натаму е 100% во лигата. Денеска до десеттата победа московјани стигнаа со победа над Нижни Новгород со убедливи 107:63.

ПретходноАрсовска: Вардар е гордост на Скопје и мора да се врати во сопственост на Градот
СледноРамос: Штета, играњето на СП во Катар ми беше голем сон