Злато за Македонија: Оливера Наковска Бикова е светски првак! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

1261

Нашата параолимпијка Оливера Наковска Бикова, предводена од нејзиниот тренер Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиноски, го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион во дисциплината П4-Пиштол слободен избор.

Во квалификациите Оливера испука одличен резултат од 538 (најдобар во нејзината кариера) со што го освои второто место и си обезбеди пласман во финале, иако почетокот на мечот не го наговестуваше тоа. После неколку правовремени совети од тренерот (во првата и втората серија особено), а пред се заради нејзината подготвеност и одлучност да се фати во борба со останатите за што подобар пласман и личен перформанс, Оливера во продолжение на натпреварот значително ги подобри своите перформанси и со изедначениот личен рекорд во оваа дисциплина, сигурно зачекори во финалето.

Во самото финале, Оливера по првите пет истрели се најде на второто место на табелата, а веќе по завршување на втората серија од пет истрели ја презеде лидерската позиција и успеа да оди до крај, до последниот куршум, иако финалето беше драматично и мошне квалитетно.

Останува да и честитаме на Оливера за големиот успех, за себе, за нејзиното семејство, за својата спортска федерација и за достојна афирмација на својата држава Република Македонија во светот.Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат и надвор

Можно е да е слика од 2 луѓе и луѓе што стојат

Можно е да е слика од 4 луѓе и внатре

Можно е да е слика од 1 лице

Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат и текст кој вели „World Shooting Para Sport MPIO VIN MKD F ) P ra ons 20“

ПретходноКој го сака Миовски ќе мора да плати најмалку 5 милиони евра!
СледноМанчестер Јунајтед ќе го казни Роналдо со еден милион фунти!