Во моментов се одржува првиот тренинг и тоа на ФФМ на нашата А – репрезентација во пресрет на пријателските натпревари со Финска (17.11) и Азербејџан (20.11). Сите се тука, селекторот Благоја Милевски смета на оние на кои добија повик освен на тие што поради повреда откажаа.
Меѓу последните пристигнаа капитенот Стефан Ристовски и Бобан Николов. Што се вели од авион веднаш на тренинг.