Коментар на 15.коло: Струга ТЛ речиси е есенски шампион!

324

Пишува: Зоран Ѓоршоски

По пауза од пет кола без победа, викендов во супер – дербито со Шкендија, екипата на Струга Трим Лум, лидерот на табелата успеа да ги освои трите бода и со тоа да исчекори кон тоа да биде есенски шампион.

Сега по 15.коло, а на три кола до крајот на полусезоната, Струга ТЛ има 30 бодови, Шкупи има 25, Шкендија 24 а Силекс 23.

Математички на стружани им се потребни само 4-5 бода, но само ако Шкупи победи на сите. Шкендија има само теоретски шанси, со оглед на тоа дека еден меч ќе биде слободна, а Силекс да биде ќе треба да се случи чудо.

Во ова 15.коло видовме интересни мечеви, конечно А. Пандев победи, Тиквеш го декласираше Работнички, Шкупи во Кичево направи пресврт а во Ѓорче домашната Македонија ЃП и Брегалница одиграа без голови.

Сепак кога сме кај есенски шампион, ајде да видиме со кого и против кого играат четирите екипи кои сеуште имаат шанса.

Со напомена дека поради казната екипата на Шкупи своите натпревари како домаќин ги игра во Кичево.

СТРУГА ТЛ – 30 бодови:

Силекс (гости), А. Пандев (дома), Скопје (гости)

ШКУПИ – 25 бодови:

Победа (гости), Брегалница (дома), Работнички (гости)

ШКЕНДИЈА – 24 бодови:

Тиквеш (дома), Македонија ЃП (гости), 18.коло е слободна

СИЛЕКС – 23 бодови:

Струга ТЛ (дома), Тиквеш (гости), Македонија ЃП (дома)

Претходно“Војна“ во Ред Бул: Ферстапен го покажа вистинското лице!(ВИДЕО)
СледноХрабрата Словенија загуби од Норвешка, рекорд на Ана Грос