Лазаров: Го ценам Охрид, посебно ми е драго што успеавме да славиме на еден жежок терен!

427

Алкалоид го доби дербито на колото во Супер-лигата, на гостувањето кај Охрид славеше со 28-29 во рамките на десетото коло. Дебитантот ја запиша деветата победа, а предводникот Кирил Лазаров е среќен што неговите момци успеаја да дојдат до бодовите на жешкиот терен во Охрид.

„Го ценам Охрид и посебно ми и е драго што успеавме на еден жежок терен да го добиеме овој исклучително значаен натпревар и што овие млади играчи успеаја да спуштат еден психолошки товар од себе.

Не е лесно да се победи во Охрид, знаеме за каков тим се работи и какви амбиции има, што лично ме радува. Од друга страна мојот тим треба да учи уште многу, бидејќи во еден момент имавме шест разлика, но ќе работиме во иднина да бидеме уште подобри. Голем чекор напред направивме, но продолжуваме да работиме и да одиме напред натпревар по натпревар. – додаде Лазаров.

ПретходноБодрете ја Македонија за 150 денари против Финска и Азербејџан!
СледноВчера беше на клупата на Фулам против Јунајтед: Србија преку Митровиќ ни го “краде“ Шекуларац!