Рамос: Штета, играњето на СП во Катар ми беше голем сон

180

Искусниот Серхио Рамос не беше вклучен во составот на Шпанија за претстојното СП во Катар. Селекторот Луис Енрике одлучи да не го повика играчот на ПСЖ поради што тој остана на 180 настапи.
Играњето на петтото СП ми беше голем сон, меѓутоа сега ќе морам да го гледам од дома. Минатата сезона имав многу проблеми со повредите и адаптацијата во Париз, но оваа сезона го достигнав моето препознатливо ниво. Тешко ми падна тоа што не бев вклучен во составот за Катар, но сонцето и понатаму ќе изгрева на исток. Ви благодарам на поддршката, пред мене се многу предизвици. А на Шпанија и посакувам успех на СП“, порача Рамос.
Енрике во дефанзивниот ред одлучи да го повика Ерик Гарсија, Пау Торес, Ајмерик Лапорт и Уго Гиљамона.

ПретходноДимитријевиќ и Рајковиќ со нови победи во ВТБ лигата
СледноМеси-манија: 15.000 навивачи на тренингот на Аргентина, некои влетаа и на терен (ВИДЕО)