Како што и официјално информираат од стра на РК Вардар, актуелниот шампион на Македонија за следната сезона договори две квалитетни засилувања. А тоа се Томислав Јагриновски, кој по 2,5 сезони се враќа во Вардар, тој е дете на клубот од “Јане Сандански“, и Михал Аларов од тимот на Пролет.
И со двајцата е потпишан договор кој ќе се активира по завршување на тековната сезона.
„И покрај понудите од други клубови, двајцата ракометари решија да му се приклучат на Вардар кој е препознатлив спортски бренд во светот, свесни за големината на најдобриот македонски клуб.
Јагуриновски по две сезони повторно ќе биде дел од Вардар, и тој е дете кое потенува од школата на клубот. По една полусезона мината на Исланд се врати во Македонија, а од следната сезона пак ќе биде дел од Вардар. Игра на позиција на десен бек, а по потреба може и да игра како десно крило. Леворакиот играч веќе е стандарден дел од репрезентацијата на Македонија и со своите игри покажува дека е зрел играч.
Михаил Аларов доаѓа од екипата на Пролет и важи за еден од перспективните пивотмени во првенството. Неколку сезони игра стандардно и заслужува да биде дел од најдобрите. Се наоѓа на поширокиот список за репрезентацијата на Македонија и сериозно се наметнува за во иднина. Тој ќе биде колега на Милан Лазаревски, Стефан Атанасовски и Стојанче Стоилов со што сигурно Вардар ќе ја има најквалитетните пивотменска позиција во првенството“ велат од РК Вардар