Франција и селекторот Дидие Дешамп се големи малери во поглед на СП во Катар. Имено од утринава светскиот првак остана без уште еден клучен играч и тој нема да патува на Мундијалот кој ќе започне следниот викенд.
А тоа е Преснел Кимпембе, стоперот на ПСЖ кој не е доволно заздравен од повредата и дефинитивно отпадна од списокот. Место него на списокот на патници се најде Аксел Дисаси од Монако. На списокот вклучен е и Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах.
Инаку досега, барем од оние големите ѕвезди, настапот на СП во Катар, поради повреда, го откажаа Пол Погба и Нголо Канте.