Вчера во Ѓорче во интересен натпревар од 15.коло екипите на Македонија ЃП и Брегалница одиграа 0:0. Многу шанси, но немаше голови.
Еден од најзабележителните на теренот беше гостинскиот дефанзивец Горан Силјановски, кој како и секогаш не се пштедеше, го даваше својот максимум. Се разликуваше и од останатите играчи и по својот специфичен имиџ.
Па затоа присутните на стадионот во Ѓорче со право се прашуваа дали ова е Силјановски или Даме Груев.
Творец на оваа фотографија е Петр Стојановски, кој знае и тоа како да го претстави мак – фудбалот од еден поинаков агол.