Храбрата Словенија загуби од Норвешка, рекорд на Ана Грос

136

Репрезентацијата на Норвешка ја совлада селекцијата на Словенија со 26:23 во возбудлив меч со пресврти на женското Европски ракометно првенство. Натпреварот се одигра во салата „Стожице“, а Норвешка стигна до четвртата победа во групата која ја однесе во полуфиналето. Првото полувреме го добија Норвежанките со 16:15, а во финишот на вториот дел Словенките стигнаа до 23:23, меѓутоа потоа застанаа. Норвежанките беа поснаодливи во последниот дел од мечот и постигнаа три гола и го завршија мечот.
Ана Грос беше најефиксна кај словенечката репрезентација со пет гола, а воедно е нова рекордерка кај најдобрите стрелци на Словенија на сите времиња поминувајќи ја Тања Одер која имаше 686 гола.
Кај Норвешка Нора Морк постигна 6, додека Реистад дури 10.
Следниот меч на Норвешка е против Данска (16.11.), додека Словенија ќе игра со Унгарија (16.11.).

ПретходноКоментар на 15.коло: Струга ТЛ речиси е есенски шампион!
СледноМакедонската репрезентација во традиционално карате на ИТКФ светскиот куп освои 54 медали!