Шведска ја совлада Унгарија и се израмни со Словенија на 3. место во групата „1“ во битката за пласман во полуфиналето на Европското првенство во ракомет. Вечерва во Љубљана, Швеѓанките со одлично второ полувреме го скршија отпорот на жилавата Унгарија и на крајот славеа со 30:25.
До победата, Шведска беше предводена од Јамина Робертс која средбата ја заврши со 9 гола. Одлично издание имаше и Блом со 6 погодока. Кај Унгарија Клјубер постигна 6 гола.
Во следното коло Шведска се среќава со Хрватска, додека Словенките ќе играат со Унгарија.