Фудбалската репрезентација на Аргентина денеска го одржа првиот подготвителен тренинг пред Светското првенство во Катар во својата база во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати. Интересно е што тренингот на Аргентина на стадионот Ал Нахјан го следеле над 15.000 навивачи. Најмалку двајца од нив решија да ризикуваат и да истрчаат на тревникот во обид да се доближат до играчите и да се фотографираат со нив.
Сепак, обезбедувањето било побрзо и избегнати се непосакувани контакти. Главна мета е секако Лео Меси, кој денеск атренираше со уште 13 свои соиграчи во националниот тим. Денеска на тренинг пристигнале и Лаутаро Мартинез, Николас Гонзалес, Хоакин Кореа и Пауло Дибала. Останатите 12 повикани мора да се појават најдоцна до утре.
Lionel Messi and Argentina training in Abu Dhabi. Via @AnoudCharkaoui. 🇦🇪🇦🇷 pic.twitter.com/YxYyPteb3E
— Roy Nemer (@RoyNemer) November 14, 2022