Не грешиме по втор пат, Берат Калкан доби пасош на Македонија

14856

Македонскиот младински репрезентативец Берат Калкан и официјално денеска го доби пасошот на нашата држава и ќе може официјално да настапува за нас. По долг период во кој Калкан играше само пријателскис редби за нас, конечно играчот на турска Касимпаша доби наша патна исправа и ќе може да биде дел од следниот квалификациски циклус.

Од Фудбалската Федерација на Македонија не информираат дека Калкан денеска се приклучи на У21 експедицијата која што замина за Кипар, каде што се закажани пријателските средби против домаќинот односно Србија.

Она што е многу важно да се каже е дека во овој случај не ја направивме грешката со Арда Окан Куртулан, кој исклучиво поради наши административни лавиринти, лоша бирократија, и очајни потези на нашите спортски раководни структури не доби македонски пасош, туку реши да ја прифати поканата на Албанија. И во случајот на Берат Калкан, имавме иста ситуација. Албанија инсистираше на него, но тој стрпливо ја дочека Македонија и дефинитивно станува наш репрезентативец.

Берат, ти го честитаме македонското државјанство и пасош, и со репрезентацијата на Македонија да ги исполниш сите твои, а и наши фудбалски соништа.

ПретходноБуњаку: До кога Албанци ќе даваат пари за Вардар!?
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 15.КОЛО: Малески е херојот на Струга ТЛ