Пеп како сведок на судењето на Бенџамин Менди: Не сум му татко да знам што прави по тренинг!

680

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола сведочеше на рочиштето од судењето против поранешниот фудбалер на „граѓаните“ Бенџамин Менди кој е во затвор поради низа обвинувања за силување.

Пеп пред поротниците го опиша Менди како „среќно и смешно момче“, додавајќи дека не знае што правел тој надвор од фудбалскиот терен бидејќи не му е татко.

Менаџерот на Манчестер Сити откри дека Менди лично го замолил да сведочи на суд и дека се согласил. Гвардиола откри дека дознал кога Менди го прекршил „локдаунот“ за време на пандемијата Ковид-19, по што двајцата имале разговор.

„Секако дека не бев среќен. Разговаравме за тоа и тој призна дека згрешил“, изјави Пеп пред поротниците.

Менди (28) е обвинет за силување и сексуален напад на различни жени. Жртвите тврдат дека сексуалните злосторства се случиле во домот на Менди меѓу октомври 2018 и април 2021 година. Гвардиола изјави и дека не ги користи социјалните мрежи и нема начин да ја следи активноста на своите играчи таму.

ПретходноМеси-манија: 15.000 навивачи на тренингот на Аргентина, некои влетаа и на терен (ВИДЕО)
СледноШведска ја доби Унгарија и се израмни со Словенија