Петар Ненадиќ си оди од Веспрем

212

По пет години минати во дресот на Веспрем, Петар Ненадиќ ќе ги напушти редовите на унгарскиот вицепрак. Српскиот интернационалец има договор до следното лето 2023 година и истиот не сака да го продолжи.

Во Веспрем дојде од Фуксе Берлин во 2018 година, претходно ги носеше дресовите на Барселона, ПИК Сегед, Холстебро, Гранољер.

Со унгарскиот тим до оваа сезона не успеа да се искачи на тронот во Лигата на шампиони, последната шанса ја има сега, за него би било најдобар начин да се раздели во клубот.

ПретходноМанчестер Јунајтед ќе го казни Роналдо со еден милион фунти!
СледноЈончевски со мини – анализа: Ќе мора да победиме барем на уште еден од двата последни натпревари!