Селекторот Ашаданов го објави поширокиот список на сениорки, повик и за Хемпе!

146

Александар Ашаданов, селекторот на нашата женска сениорска репрезентација го потврди поширокиот список на кошаркарки кои ќе конкурираат за место во националниот тим за ноемврискиот ФИБА „прозорец“.

На списокот се наоѓаат 24.кошаркарки, предводен од најискусните наши кошаркарки, Јелена Антиќ и Едина Муса, а поголем дел од нив настапуваат во странските клубови.

Повик Ашаданов испрати и до Мерит Хемпе, новата натурализирана кошаркарка која се стекна со право за настап за нашиот женски национален тим.

Стартот на подготовките е закажан за 17.ноември (четврток) од 18.30 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Инаку, во текот на овој месец, нашата најдобра женска селекција ќе одигра два натпревари во квалификациите за Евробаскетот 2023 година.

На 24.ноември, гостуваме на репрезентацијата на Белгија. А три дена подоцна, во Скопје, го дочекуваме составот на Германија.  

Поширок список на повикани сениорки за ноемврискиот ФИБА „прозорец“

1.Анџелика Митрашиновиќ     Монтана-Бугарија

2.Илина Селцова  Пеак-Унгарија

3.Мерит Хемпе      УСК Прага-Чешка

4.Тијана Митрева Росето-Италија

5.Марија Димитријевиќ Бадел 1862

6.Матеа Николиќ Стела Азура-Италија

7.Габриела Модева         Виктор Кристиан Центар-САД

8.Ивона Кожобашиовска          Динамо Сасари-Италија

9.Јелена Антиќ       Вардар

10.Александра Стојановска     Евникос-Грција

11.Нена Трајчевска          ЦБ Архил-Шпанија

12.Цветанка Димова       Баскет Кам 2011

13.Едина Муса      Вардар

14.Јована Петрушевска  Пантерс-Грција

15.Катерина Поп-Димитрова   Баскет Кам 2011

16.Драгана Петковска    Вардар

17.Михаела Алексовска Крива Паланка

18.Теа Митрева     МЗТ Скопје Аеродром

19.Ивана Кметовска        Св. Георге-Романија

20.Марија Митева           МЗТ Скопје Аеродром

21.Сања Адамовска        Баскет Кам 2011

22.Софија Лазаревска    Гисано-Италија

23.Елена Тасевска            Баскет Кам 2011

24.Наталија Секуловска САД

ПретходноСудиска анализа на 15.коло во ПМФЛ и 12.коло во ВМФЛ: Неколку погрешни проценки на судиите викендов!
СледноПо предлог на ВМРО – ДПМНЕ: Градот Скопје одобри 250.000 евра за помош на Вардар!