Феноменална партија пружи младиот напаѓач на Струга ТЛ, Христијан Малески на дербито со Шкендија. Тој и го реши овој супер натпревар во битката за самиот врв на табелата, тој беше стрелец на победничкиот гол. Малески е херојот на Струга ТЛ и затоа е играч на ова 15.коло.
Покрај него од таборот на лидерот во тимот на колото според “Спортмедиа“ се и Мирселовски, Илиески и Укпа. Шкупи го победи Скопје а тука се Маргвелашвили и Хамиди, А. Пандев конечно по 73 дена победи и затоа најзаслужни се Донов и Трајков. Тиквеш го декласира Работнички а најдобри на теренот беа Ивановски и Миловановиќ. Брегалница освои голем бод во Ѓорче, по навика Ристевски беше најдобар во одбраната на “сините“.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ХРИСТИЈАН МАЛЕСКИ
Тим: Струга Трим Лум
Роден: 04.05.2002 во Струга
Кариера: Струга Трим Лум