Романките денеска беа поразени од Црна Гора во претпоследниот меч на ЕП во Скопје, останаа последни на табелата во групата „2“, но сепак имаат причини за гордост.
Најдобрата ракометарка во романскиот тим веќе со години, Кристина Неагу, со своите 9 гола на денешниот меч со Црногорките стана најдобриот стрелец во историјата на европските првенства не само во женска, туку и во машка конкуренција. Неагу денеска стигна до бројката од 296 гола на првенствата на Стариот континент, со што го мина и Валур Сигурдсон (Исланд) кој со 288 гола беше досегашен лидер на оваа листа.
Неагу има шанси и да ја мине границата од 300 гола на ЕП, веќе на дуелот со Германија во четврток.