Арон Ленон стави крај на фудбалската кариера

127

Некогашниот репрезентативец на Англија, во моментов 35. годишниот Арон Ленон и официјално стави крај на професионалната фудбалска кариера.

Тој оваа своја одлука ја соопшти преку социјалните мрежи, а и онака беше без клуб откако летоска со Барнли испадна од Премиер лигата и автоматски му истече договорот.

Кариерата ја започна во Лидс, а потоа премина во Тотенхем за кого играше десет години. Следуваше преселба во Евертон, па последните години ги мина во Барнли со кратка позајмица во турски Кајсериспор.

ПретходноИнфантино: Нека има мир во Украина за време на Мундијалот
СледноБилд: Баерн не е заинтересиран за Кристијано Роналдо