Германија во проблеми: Милер и Ридигер повредени, Тер Штеген има стомачен вирус

128

Германската фудбалска репрезентација влезе во нови проблеми пред стартот на Светското првенство во Катар. Томас Милер, Антонио Ридигер и Марио Геце го пропуштија првиот тренинг на репрезентацијата.

Милер има проблем со мускулот, а Ридигер се жали на повреда на бутот. Двајцата се под знак прашалник за пријателскиот натпревар на Германија против Оман во среда.

Марио Геце, како и Матијас Гинтер и Кристијан Гинтер од Фрајбург, исто така, ја пропуштија првата тренинг сесија. Голманот Марк-Андре тер Штеген се уште не пристигнал во германската база во Оман поради стомачен вирус.

ПретходноФранција без грешка резервира место во полуфиналето
СледноНаполи потврди: Преговараме со Спалети за нов договор