Македонските таеквондисти Филип Додевски и Мила Релиќ го поминаа првото коло на Светското првенство што се одржува во Гвадалахара, Мексико. Додевски во категоријата 87 килограми со победа од 2-1 над противник од Мароко се пласираше во следната рунда.
А и младата Мила Релиќ без загубена рунда се пласираше во следното коло. Таа во категоријата до 62 килограми беше поуспешна од ривалка од Тајланд со 2:0.
Нашиот најголем ас Дејан Георгиевски својата битка ќе ја има за два дена.