За прв пат во историјата, еден клуб ќе има 17 играчи на Светските првенства!

4175

Баерн Минхен во Катар ќе стане првиот клуб во историјата кој испратил дури 17 играчи на едно Светско првенство. Така Баварците го соборија рекордот поставен пред четири години од Манчестер Сити. Во тоа време англискиот клуб имаше 16 претставници во Русија.

Може да се каже дека за рушење на рекордот помогна и тоа што за прв пат во историјата селекторите можат да повикаат 26 играчи на Мундијалот, но сите играчи на Баерн кои патуваат во Катар имаат доста големи улоги во своите репрезентации. Најмногу ги има секако во Германија (седум), додека во Франција четири. Хрватска има и еден играч на Баерн.

Веднаш зад Баварците се Барселона и Манчестер сити со по 16. играчи. По малку изненадувачки е фактот дека четврти клуб со најмногу репрезентативци е Ал-Сад од Катар, дури 15. фудбалери се најдоа на списоците на своите земи.

Манчестер јунајтед има 14 играчи, Реал еден помалку, што следуваат Ал-Хилал и Челзи со по 12. играчи…

ПретходноЦелта е исполнета: Ерик тен Хаг донесе одлука за Роналдо!
СледноМЗТ Скопје со Струмица ќе се загрева за АБА-лига!