Инфантино: Нека има мир во Украина за време на Мундијалот

81

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино во своето излагање на самитот на Г20 земји кој во моментов се одвива на Бали, јавно порача дека посакува примирје на територијата на Украина за време на Мундијалот во Катар.

„Мојата молба кон сите инволвирани е да има привремен прекин на огнот барем на еден месец додека трае Мундијалот. Направете нешто кое би довело до обновување на дијалогот, што би бил првиот чекор кон конечен мир. Вие сте првите луѓе во светот, имате шанса да влијаете на текот на историјата. Фудбалот и Мундијалот ви нудат платформа врз која може да се гради мирот и единстото во целиот свет“ – истакна првиот човек на ФИФА.
Катар е инаку првата муслиманска земја и земја од Блискиот Исток која што е организатор на Мундијалот.

 

 

ПретходноАнсу Фати удрил моторциклист со автомобил
СледноАрон Ленон стави крај на фудбалската кариера