Македонија подготвена ќе ги дочека Финска и Азербејџан (ФОТОГАЛЕРИЈА)

353

Македонската фудбалска репрезентација на чело со селекторот Благоја Милевски веќе со полна пареа се подготвува за претстојните два пријателски мечеви против Финска на 17 односно против Азербејџан на 20 ноември во Скопје.

Нашиот национален тим се собра вчера, а веќе денеска е комплетен на чело со повратникот во државниот дрес, Илија Несторовски. Напаѓачот на Удинезе секако дека е голем плус овојпат со оглед на повредите на првиот напаѓач Милан Ристовски, како и на Александар Трајковски.

Тука се и новитетите Мартин Мирчески кој доби дополнителен повик како и сите останати кои со душа и радост чекаат нов репрезентативен ангажман.

Првиот дуел против Финска се играч вчетврток со почеток од 18:00 часот.

ПретходноПретпоследен ден во Скопје: Сонот за полуфинале може да стане реалност за Франција и Црна Гора
СледноАнсу Фати удрил моторциклист со автомобил