Нема одмор, особено за кошаркарите кои беа дел од репрезентативниот дрес, а голем дел од нив ги има во таборот на МЗТ Скопје. Актуелниот македонски првак денеска (18 часот) ќе ги одмери силите со Струмица во рамките на Првата лига.
Планот на Александар Петровиќ е да ги одмори токму репрезентативците, како и дел од странските засилувања за да ги сочуваат силите за мечот против ФМП, кој е закажан во петок на гостински терен.
По четири одиграни кола МЗТ Скопје има три победи и еден пораз, се наоѓа на петото место на табелата, дуелот со Струмица е последен од петото коло во прволигашкото друштво.