Одбојкарите од првиот шешир ги чекаат ривалите за Европското првенство 2023

216

Македонските одбојкари утре ќе ги добијат противниците за Европското првенство 2023, чиј ко-организатор ќе биде и Македонија. За нашите одбојкари ова е трето едноподруго на коешто ќе се појавиме на големата европска сцена.

Ждрепката е закажана за утре во Неапол од 17 часот, а македонската репрезентација ќе се најде во првиот шешир со оглед на тоа што Македонија е заеднички домаќин на првенството со Италија, со Бугарија и со Израел.

Во првиот шешир ќе бидат сите организатори на првенството.

ПРВ ШЕШИР: Италија, Бугарија, Македонија, Израел

ВТОР ШЕШИР: Словенија, Полска, Србија, Холандија

ТРЕТ ШЕШИР: Германија,, Чепка, Франција, Украина

ЧЕТВРТИ ШЕШИР: Турција, Финска, Белгија, Португалија

ПЕТТИ ШЕШИР: Грција, Шпанија, Романија, Швајцарија

ШЕСТИ ШЕШИР: Данска, Црна Гора, Естонија, Хрватска

 „Каква и да биде ждрепката, ние му се радуваме на Европското првенство 2023. Тоа ќе биде круна на оваа генерација во машката репрезентација, ќе им отвори перспективи на помладите, а нам ќе ни даде шанса да се докажеме како добри организатори на настан со оваа тежина. Се надевам дека гледачите ќе уживаат во елитна одбојка, а ние ќе ја претставиме Македонија во најдобро светло. Искрено, немам некоја посебна желба за тоа кои репрезентации да дојдат во Скопје, секако ќе биде атрактивно“, вели генералниот секретар на ОФМ Зоран Карановиќ.

ПретходноДодевски и Релиќ забележаа победи на стартот на СП во таеквондо
СледноДеновите на „Олд Трафорд“ му се одбројани: Роналдо исфрлен од WhatsApp групата на Манчестер Ј.