Кристијано Роналдо повторно крена прашина во фудбалската јавност. Португалецот по ексклузивното интервју во кое зборува за Јунајтед и целата ситуација со Тен Хаг, во јануарскиот преоден рок ќе ги напушти редовите на премиер-лигашот.
Тамошните медиуми го открија името на тимот кој е најблизу до услугите на Роналдо.
Дејли Мејл објави дека неговиот агент Мендеш неодамна имал тајни разговори со челниците на Баерн и дека се поверојатно е Роналдо кариерата да ја продолжи во клубот од Минхен.
Наводно, дури и челниците на Баерн отпатувале во Англија на средба со Мендеш и очигледно е дека германскиот гигант е многу заинтересиран за Португалецот. За Роналдо тоа би бил фантастичен трансфер во клуб кој е во самиот врв на европскиот фудбал, што би ја исполнил неговата цел.
Роналдо јавно реши да ги каже сите овие работи, ова е знак дека веќе договорил трансфер во друг клуб и дека најлесно му било да го раскине договорот.
Доаѓањето на Роналдо во Баерн секако би го раздрмало фудбалскиот свет, но Португалецот би се вратил на елитното ниво и повторно би заиграл во Лигата на шампионите, што е негова најголема цел.