Поранешната ѕвезда на Баерн стана тренер на Ривер Плата

254

Поранешниот аргентински репрезентативец Мартин Демикелис е новиот тренер на еден од најголемите светски клубови Ривер Плата. Ова прво го соопшти Баерн каде што Демикелис работеше како тренер на вториот тим, а потоа и аргентинските медиуми кои веќе го „уловија“ екс-фудбалерот на Баерн во аргентинската престолнина Буенос Аирес.

Демикелис се враќа во клубот во кој дебитираше во професионалниот фудбал во 2000 година. Тој го замени Марсело Гаљардо кој истера осум успешни сезони на чело на „милионерите“.

Демикелис ја почна тренерската кариера во 2017 година како помошник во шпанската Малага. Во 2019 година тој го презема тимот на Баерн до 19 години, а од минатата година и Б тимот на Баерн.

 

ПретходноГенералниот секретар на ЕХФ ја посети канцеларијата на РФМ
СледноMЗТ ја растури Струмица со 36 поени разлика!