Претпоследен ден во Скопје: Сонот за полуфинале може да стане реалност за Франција и Црна Гора

330

Скопје е во центарот на вниманието на Европското првенство во женска конкуренција. По еден ден пауза во СЦ „Борис Трајковски“ продолжуваат битките во главната рунда, а сонот за полуфинале за две селекции уште денеска може да стане реалност. Франција која нема ниту еден пораз против Германија може да го завери билетот за Љубљана.

Актуелниот олимписки првак без проблем го доби дерби дуелот во минатото коло против Црна Гора, а се очекува и вечерва (20:30 часот) тоа да го стори и против Германија.

Црна Гора и покрај поразот од Французинките денеска (18 часот) има одлична шанса да се најде во полуфиналето на ЕУРО, пречката е Холандија. Холандија има три бода, додека пак Црна Гора еден повеќе, овој меч ќе даде појасна слика за последното коло во главната фаза.

ПретходноАлиоски: Секогаш одиме на победа, така ќе биде и сега
СледноМакедонија подготвена ќе ги дочека Финска и Азербејџан (ФОТОГАЛЕРИЈА)