Сенегал дефинитивно без Мане на првите мечеви на СП во Катар

207

Најголемата ѕвезда на фудбалската репрезентација на Сенегал, Садио Мане ќе ги пропушти првите натпревари на Светското првенство во Катар поради повреда, соопшти претставник на Сенегалскиот фудбалски сојуз.

Мане се повреди минатата недела на првенствениот натпревар кој Баерн го одигра како домаќин против Вердер. Тој има повреда на десната потколеница. Селекторот на Сенегал, Алиу Сисе изјави дека Мане нема да мора да оди на операција, но и дека се многу мали шансите да игра на 21 ноември против Холандија.

„Првите натпревари ќе мора да ги одиграме без Садио и да победиме без него, бидејќи освен Садио имаме уште 25 играчи“, изјави претставникот на Асоцијацијата, Абдулаје Соу.

Сенегал е сместен во групата А, со Холандија, Катар и Еквадор.

ПретходноМеси: Да се биде Меси има и лоша страна, Гвардиола е најдобриот тренер
СледноЃорѓиев: Да имаме среќа да ги избегнеме фаворитите од последните три шешири