Фудбалерот на белорускиот второлигаш Сморгон, Владислав Шубович на еден натпревар одлучи да ја запроси својата девојка. Се беше спремно за прекрасен момент, дури и соиграчите знаеја за тоа и се спремаа за потегот, меѓутоа тоа не го знаеше и човекот од обезбедување. Во 49. минута Сморгон поведе со 1:0, а тренерот во 68. минута го внесе во игра стоперот Шубович за да го доигра мечот и да ја изненади својата девојка.
Во 85. минута судијата свирна пенал за Сморгон. А тој погоди од белата точка, а потоа заедно со соиграчите отиде кон аут-линијата и ја повика девојката да се симне од трибините. Тој клекна на колено и го извади вереничкиот прстен, а потоа се вмеша човекот од обезбедување кој ја оттурна девојката од теренот и за малку ќе дојдеше до физичка пресметка.
На крајот имаше и втор обид за запросување, но овојпат обезбедувањето беше на страна, а девојката ја прифатила понудата на 22-годишниот играч.
Absolutely nothing is getting past this steward pic.twitter.com/MP78oOsnjN
— Football Ramble (@FootballRamble) November 15, 2022