Фудбалер на Ливерпул преку СМС порака се откажа од репрезентацијата на Португалија

1008

Младиот фудбалер на Ливерпул Фабио Карваљо се откажа од репрезентацијата на Португалија и со само 20 години втор пат во кариерата сака да ја промени репрезентацијата. Оваа сезона Карваљо одигра 16 натпревари за Ливерпул и постигна два гола вклучувајќи го и победничкиот во 98. минута против Њукасл.

Беше на поширокиот список на репрезентативци на Португалија за СП во Катар, но не се најде на конечниот список на патници за Катар. Тој играше за У21 селекцијата на Португалија, но одби да игра во пријателските мечеви со Чешка во петок и Јапонија во вторник.

ФС на Португалија објави дека Карваљо испратил СМС порака во која изјави дека не сака повеќе да игра за младата португалска репрезентација. Тој сака да игра за Англија.

Карваљо на 11 години пристигнал во Англија и играл за младинските категории, дури и бил капитен на У17 селекцијата на Англија. Одлучил да игра за Португалија, но сега сака да се врати назад и повторно да игра за Англија.

Ќе видиме дали тоа ќе се случи.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО ДОНАЦИЈА ОД 1.000.138 ДЕНАРИ ЗА ИНКЛУЗИВНО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ДЕМИР КАПИЈА
СледноСе спреми да ја запроси девојката, но обезбедувањето го расипа моментот (видео)