Црногорките во трилер меч ја победија Романија и се на „милиметар“ од полуфинале на ЕП

183

Репрезентацијата на Црна Гора е на чекор до полуфиналето на ЕП. Во трилер меч вечерва во „Борис Трајковски“ во Скопје популарните „лавици“ ја совладаа Романија со 35:34 и само чудо може да ги спречи да одат во борба за медал. Сега останува уште Франција да не изгуби од Германија и официјално црногорските ракометарки да се најдат меѓу четирите најдобри во Европа.

Блескаше талентираната Итана Грбиќ која впиша осум голови и дури 12 асистенции, во финишот „проработе“ Џина Јауковиќ со три важни голови, а точка стави некогашната вардарка Јована Радичевиќ од пенал и мечот го заврши со осум погодоци.

 

 

ПретходноMЗТ ја растури Струмица со 36 поени разлика!
СледноДодевски и Релиќ забележаа победи на стартот на СП во таеквондо