Во пресрет на утрешната ждрепка на групите за престојното Европско првенство, капитенот на нашата репрезентација, Никола Ѓорѓиев ги искажа своите очекувања.
„Со нетрпение ја очекуваме ждрепката. Искрено се надевам и посакувам да имаме поволна ждрепка, а тоа значи да ги избегнеме посилните ривали од 4, 5 и 6 шешир. На минатото ЕП не успеавме да направиме ниту една победа, но ова ЕП мора да го искористиме да направиме многу подобар резултат, па зошто и да не обезбедиме пласман во следната фаза. Тоа ќе биде една круна на оваа генерација, со што ќе ја израдуваме македонската јавност“, вели Ѓорѓиев.
Ждрепката е закажана за утре во неапол, Италија од 17 часот.