Екипата на МЗТ Скопје ја продолжи победничката низа во домашното првенство, а вечерва во СЦ „Јане Сандански“ беше подобар од тимот на Струмица, претпоследната екипа на табелата. „Штрковите“ беа фаворити и пред мечот, а ја оправдаа таа улога и впишаа убедлива победа од 102:66. Во еден период од вториот дел МЗТ имаше предност и од 47 поени (93:48).
Во победничкиот тим најефикасни беа Мекиќ со 16 поени и Пандев со 15 поени, а кај струмичани со 20 поени се истакна Крстајиќ.
Пандев од МЗТ оствари и дабл-дабл со 15 поени и 11 скока, а и Волкановски од Струмица имаше 14 поени и 11 скока.