MЗТ ја растури Струмица со 36 поени разлика!

154

Екипата на МЗТ Скопје ја продолжи победничката низа во домашното првенство, а вечерва во СЦ „Јане Сандански“ беше подобар од тимот на Струмица, претпоследната екипа на табелата. „Штрковите“ беа фаворити и пред мечот, а ја оправдаа таа улога и впишаа убедлива победа од 102:66. Во еден период од вториот дел МЗТ имаше предност и од 47 поени (93:48).

Во победничкиот тим најефикасни беа Мекиќ со 16 поени и Пандев со 15 поени, а кај струмичани со 20 поени се истакна Крстајиќ.

Пандев од МЗТ оствари и дабл-дабл со 15 поени и 11 скока, а и Волкановски од Струмица имаше 14 поени и 11 скока.

 

 

 

ПретходноПоранешната ѕвезда на Баерн стана тренер на Ривер Плата
СледноЦрногорките во трилер меч ја победија Романија и се на „милиметар“ од полуфинале на ЕП