Македонската фудбалска репрезентација на чело со селекторот Благоја Милевски веќе со полна пареа се подготвува за претстојните два пријателски мечеви против Финска на 17 односно против Азербејџан на 20 ноември во Скопје.
Нашиот национален тим се собра вчера, а веќе денеска е комплетен на чело со повратникот во државниот дрес, Илија Несторовски. Напаѓачот на Удинезе секако дека е голем плус овојпат со оглед на повредите на првиот напаѓач Милан Ристовски, како и на Александар Трајковски.
Тука се и новитетите Мартин Мирчески кој доби дополнителен повик како и сите останати кои со душа и радост чекаат нов репрезентативен ангажман.
Првиот дуел против Финска се играч вчетврток со почеток од 18:00 часот.